до претставничкиот дом на американскиот конгрес е доставен предлог-закон за укинување на програмата „зелена карта“, преку која секоја година по пат на лотарија се избираат „среќни добитници“ на виза за населување во сад
само минатата година на оваа „лотарија“ учествувале речиси 15 милиони лица од целиот свет, од кои „зелена карта“ за населување во сад треба да добијат 55.000 среќници.
идејата за укинување на програмата „зелена карта“ има поддршка меѓу конгресмените од републиканското мнозинство, кои тврдат дека таа може да биде злоупотребена од страна на терористи.
- „зелената карта“ е отворена покана за измами и претставува џек пот за терористите, изјави претседателот на комисијата за правни прашања при претставничкиот дом, републиканецот ламар смит.
од друга страна демократите на претседателот барак обама се против укинувањето на програмата, со оценка дека на тој начин ќе се стави крај на легалната имиграција, пред се од африка.
програмата „зелена карта“ беше воведена во 1995 година со цел да го стимулира вселувањето на лица од земјите во развој и од државите во кои нема традиција за мигрирање во сад.
„лотаријата“ за минатата година беше поништена поради, како што офоцијално беше соопштено, компјутерски проблем. имено, 90 проценти од кандидатите кои беа избрани за добивање на „зелена карта“, користениот софтвер ги селектирал меѓу оние кои поднеле апликација на првиот ден од рокот за пријавување што трае еден месец.
дел од оние кои добија визи при оваа селекција поднесоа жалби пред федералниот суд во вашингтон, кој минатата недела ги отфрли сите приговори. новото „извлекување“ на лицата што ќе добијат визи за вселување во сад ќе се одржи утре.
ovo je obljavljeno danas na ovaj link....
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=65657
__________________
aplikacija na Lutriju 5.11.2009
izvucena 24.05.2010
case number 2011EU00022XXX
prvi koverat dobien 14.06.2010
prvi koverat poslat u Kentacky 19.06.2010
drugi koverat dobili : 11.03.2011
intervju zakazan: 19.04.2011
vize u pasosima : 21.04.2011


letimo 21.08.2011 za new york