View Single Post
  #29  
Staro 02.01.2017, 12:39
PipoMkd PipoMkd je offline
Drug član
 
Datum prijave: 08.05.2016
US lokacija: CHICAGO IL
YU lokacija: SKOPJE
Poruke: 32
Nepromenjeno Happy New Green Year :)

Среќна нова година на сите, многу здравје, пред се, и сите планови да ви станат реалност ( на нашиов форум тоа значи )

Со мало закаснување да ви го пренесам моето искуство од амбасадата во Скопје.
Ќе започнам со добро познатата интевјуто е само формалност и нема потреба од паника, но како викаат лесно е после војна сите генерали...
Да не должам, се помина во најдобар ред. Сите беа фини и коректни и немаше никакви проблеми. Целиот процес од влегување до излегување траеше некои 2 часа.
После стандардната процедура на влегување, сопругата и јас бевме повикани на шалтер, каде што не дочека еден пријатен наш господин (македонец). Откако не праша кој е носителот и дали ги знаеме условите за добивање на лотаријата, ги побара документите и низ краток разговор ги задржа само оние кој му беа потребни. Во меѓувреме и ги плативме оние 330$ од човек за интервју.
Од документи ни зедоа
За мене како носител: пасош, слика, интернационален извод од книга на родени, интернационален извод од книга на венчани, уверение за кривична евиденција, потврди за казнена евиденција, потврда од војска (иако немам служено), диплома од факултет и лекарското.
За сопругата: пасош, слика, интернационален извод од книга на родени, уверенијата од суд и лекарското.

Бидејќи бракот ни беше склучен после извлекувањето, ни побара и некои докази за нашата врска. Му извадивме еден албум со слики од различни места на кои што сме биле и кратко опишавме како ја имам побарано жена ми (на 1ви април), на што и убаво си се изнасмеавме. Дури и он, гледајќи ги сликите од порано каде ја сум мноогу послаб, ме поткачи дека тек сега во Америка ќе се дебелеам ))
Иако имавме уште еден албум, од матично, испринтани разговори од фејсбук од 2013,2014 итн...рече дека апсолутно нема потреба за тоа, и ако евентуално конзулот ги побара тогаш и да ги предадеме.
Ни предаде едно бројче и ни рече да почекаме за кратко ќе не повика конзулот на разговор. Пред тоа дадовме отисоци и за нешто помалку од 20 минути, ете го нашето бројче )

Разговорот со конзулот траеше не повеќе од 2 минути. Прашањата што ми ги постави мене беа: Највисок степен на образование? Дали имам запишано мастер студии? Дали работам моментално, каде и што...Потоа истите прашања и ги постави на сопругата, за да на крај не праша каде ке одиме и што ќе работиме. Имаме ли некој близок таму и дали сме жиееле на некое друго место освен во Македонија. Откако одговоривме на се, кратко и вистинито, ни честиташе и ни кажа да дојдеме другиот ден за подигање на визираните пасоши.

Малку ни дојде збунувачки зошто пројде се многу брзо, ГОЛЕМ дел од документите што ги носевме не ни ги побараа ( ДС- формуларите, гарантор, докази, диплома за сопругата, сведителства, книшка со работн стаж... )
Потоа следи оној позитивен шок, радост, кафана и исчекување на новиот живот таму....

На сите кои допрва ќе одат на интервјуто, само опуштено, Вие веќе ги имате визите. Ви посакувам многу среќа и искористување на шансите што оваа Green Card ги нуди