интервју
поздрав до сите и фала ви за споделените информации!
јас сум на интервју на 3ти април па почна фрката околу собирање документи.
ме интересира дали откако ќе ги соберам документите значи
- извод од матична книга на родени
- потврда дека не сум во брак
- дека не сум осудуван (од полиција и суд)
- медицинскиот тест (некаде на сајтов прочитав дека мора да имаш направено и хив тест?? )
- диплома (дали во амбасада признаваат уверение за положени испити, бидејќи дипломата не е сеуште готова или ќе морам со диплома од средно? )
- гарантно писмо- некои луѓе поминале само со маил од пријатели од сад, планирам само да одам со поголема сума пари на сметка кои татко ми ми ги префрли поодамна на моја сметка. не сум сигурен дали ке опали само со тоа или сепак морам да прикажам адреса каде ке идам??
дали покрај овластениот превод на сите документи на англиски ке треба и да се заверат кај нотар? мислам дека во инструкциите пишува дека треба, тука читам дека некој прошол и без нотарска заверка??
фала ви однапред!
|