еве да пишам и јас искуство во ремедика скопје за прегледите. понеделникот ги поминавме лекарските во ремедика кои се чиста формалност, ама ние со две енергични дечиња им напрајвме малку хаос таму

. мене и на жена ми ни извадија крв и сликаа за рендген, измерија висина тежина не испрашаа стандардни прашања дали боледуваме од некои болести, операции дали сме имале и слично и наплатија по 3000 ден. од чоек, а за децата само висина и тежина им измерија и наплатија по 1400 ден. од дете. од документи им однесовме 9 фотографии, пасоши со по една копија од истите, картони за вакцинација со здраствени книшки , потврди за примена вакцина за сезонски грип за мене, жената и поголемото дете кое има скоро 3 години, а за помалово кое нема уште година не требаше да прими вакцина, манту проба за поголемото дете и тоа е се, не примивме дополнителни вакцини јас и жена ми.