Ето да се пофалам на 09.10 ми беше интервјуто, а вчера ги подигнав пасошите со визите

Инертвјуто беше закажано во 8:00, но почнаа да не прозиваат 10-тина минути порано....
Текот на интервјуто е прво ги местат документите по ред, па на интервју кај нашиот службеник, потоа плаќање, земање отисоци од прсти и на крај инервју со американскиот конзул.
Документација: прво ни напомена дека 12 годишното образование е основен услов, потоа сите документи наведени на официјалниот сајт, изводи, потврда за војска, потврда од суд, МВР, вакцинација, лекарските прегледи. Точно е дека бараат гарантно писмо. Нашиот службеник баш нагласи дека гарантното писмо не е спомнато во потребната документација,ама конзулот барал....Нашето гарантно писмо до денот на интервјуто не ни беше стигнато по пошта, па за секој случај ни ги пратија на е-маил и како копија го имавме. Среќа што сме го зеле со нас. Но сепак, конзулот беше многу љубезен и не ни направи никаков проблем во врска со копијата од гарантното писмо.....
После 3 дена од интервјуто си ги подигнавме пасошите....
тоа би било.....па се читаме од САД

